„Атинска“ варијанта на мутација на Ковид-19 ги загрижува епидемиолозите во Грција

Од:

Варијанта на веќе постоечка мутација, што се појавила во центарот на Атина, претежно кај мигранти, предизвикува загриженост кај грчките епидемиолози, пишуваат медиумите во Грција.

dobivaj vesti na viber

Грчките медиуми, мутацијата Β 1.1.318 (Variant E484K), која е слична на нигерискиот сој, ја нарекуваат „атинска“ и пренесувајќи изјави на епидемиолози и професори, пишуваат дека оваа варијанта побрзо и полесно се шири.

Претседателката на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду, за конкретната тема, на синоќешната прес конференција рече дека „не може да се каже дека не постои загриженост за било која варијанта што се појавува“, но додаде дека постојат системи за строг надзор и регистрација што го следат развојот.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција за мутациите во земјата, до четвртокот од конкретниот сој Β 1.1.318 биле потврдени 829 случаи, што претставува 9,24 отсто од вкупниот број мутации во земјата.

Би можело да ве интересира

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Над 130.000 заразени и 241 починат од Ковид-19 за една седмица во Грција

Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција

Грција ги укинува речиси сите рестриктивни мерки за Ковид-19

Продолжено времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција