Атина негодува поради изјавите на Николиќ

Од:

Грција изрази незадоволство поради изјавите на претседателот на Србија, Николиќ на телевизијата Сител, дека има разбирање за спорот на Македонија со Атина, околу името.

На амбасадорот на Србија во Атина, по налог на министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос изразено е негодувањето на Грција, поради ставовите на Николиќ, изјави портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас.

Тој на брифингот за новинари, прецизираше дека „тоа конкретно интервју, кое претседателот на Србија го даде не е во согласност со високото ниво на однос помеѓу двете земји и долготрајната поддршка која Грција и ја пружа на Србија во тешките времиња“.

Делавекурас додаде дека интервјуто не е ни во согласност со „традиционалните чувства на пријателство кое ги поврзуваат двата народа“.

Советникот на претседателот на Србија, за надворешна политика, Марко Ѓуриќ изјави дека Србија ќе истрае во залагањето за добри односи во регионот и во потполност го поддржува постигнувањето договор околу решавањето на сите спорови, вклучително и спорот меѓу Грција и Македонија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски