Атина ја обвини Турција дека со патролни чамци ги „испраќа“ мигрантите до Грција

Од:

Од синоќа до претпладнево, во поширокиот морски регион североисточно од островот Лезбос беа регистрирани вкупно шест случаи во кои чамци со странски државјани се обидоа да влезат во грчките територијални води во придружба на турски патролни возила, соопштуваат од грчката крајбрежна служба, во врска со, како што велат „турската провокација во источниот дел на Егејското море“.

Од грчката крајбрежна служба објаснуваат дека ниту еден од чамците не влегол во грчките територијални води, „и покрај континуираните напори на турските патролни бродови да ги ‘истуркаат’“.

-Грчката крајбрежна стража постојано ги презема сите потребни мерки, кои ги спроведува почитувајќи го меѓународното право и како најголем приоритет поставувајќи ја заштитата на човечкиот живот во морето. Во исто време, ефикасно ги надгледува поморските граници на земјата и на Европската унија под особено неповолните услови предизвикани од континуираната турска провокација, соопштуваат од крајбрежната служба на Грција.

Станува збор за ново соопштение во продолжение на претходното, во кое, како што веќе објави МИА, освен за случаи со чамци со мигранти, говореа и за инцидент со турски патролен брод, кој навлегол во грчките територијални води и вознемирил грчки патролен брод.

За конкретниот случај, од крајбрежна служба на Грција објавија и видео за кое велат дека ги покажува „опасните маневри врз грчкиот патролен брод“.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море