Атифете Јахјага: Дијалогот со Белград е најдобар начин за нормализација на односите

Од:

Косовскиот претседател Атифете Јахјага денеска изјави оти дијалогот со Белград е најдобар начин за нормализација на односите, порачувајќи им на граѓаните од северниот дел на земјата дека Косово е нивна татковина.

Таа во годишното обраќање пред Парламенртот во Приштина истакна дека косовските власти во општините во Северно Косово ќе воспостават „ред и владеење на законите, расформирање на сите структури поврзани со организираниот криминал, илегалната трговија и корупцијата“ за да се „врати довербата на граѓаните од овој дел на земјата во институциите на Република Косово“.

Јахјага на граѓаните од северниот дел на земјата им се обрати и на српски јазик.

– Ги повикувам граѓаните на српската заедница, посебно тие од општините од северниот дел на земјата, да гладаат кон својата иднина заедно со другите граѓани на Косово. Вашата татковина е Косово, место на големи аспирации и можности. Вашата татковина е Косово, земја на надежи и заеднички одговорности. Ајде заедно да ја изградиме за наша корист, за побезбедна и подобра иднина, посочи Јахјага.

Таа апелираше и до српските власти да „престанат со финансирање и поддршка на илегалните и криминалните структури во северниот дел на Косово“, кои „ги држат во заложништво обичните граѓани“.

– Бараме од властите на Република Србија да се откажат од мешањето во внатрешните прашања на Република Косово. Стабилноста на Косово, како независна и суверена држава е стабилност за регионот и пошироко. Нашите односи не можат да ја држат во заложништво стабилноста на Европа и не можат да го загрозат општиот развој на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари