АстраЗенека може да ја тужи Босна откако министерка изјави дека вакцината е за сиромашни

Од:

Директорот на верификациската лабораторија на БиХ (Верлаб) Алмир Бадњевиќ, изјави денеска дека британско-шведската компанија АстраЗенека би можела да поднесе тужба против државата, откако шефицата на босанската дипломатија Бисера Турковиќ изјави дека вакцината на компанијата е со послаб квалитет и дека е наменета за сиромашните земји.

„Ќе биде добро ако избегнеме тужба против државата Босна и Херцеговина. Добив информации од менаџментот на АстраЗенека дека поради изјавите на нашите официјални лица, компанијата на состанок ќе ја разгледува опцијата за тужба,“ изјави Бадњевиќ.

Европската агенција за лекови во моментов работи на одобрувањето на индиската верзија на вакцината на АстраЗенека во земјите од ЕУ.

„Таа вакцина се произведува во Индија, по лиценца на АстраЗенека, така што верувам дека таа брзо ќе биде одобрена за користење и во ЕУ. Веќе е одобрена во Велика Британија и Канада,“ вели Бадњевиќ.

Министерката Турковиќ ги критикуваше вакцините на АстраЗенека, тврдејќи дека тие не се одобрени за употреба во земјите од ЕУ и дека се наменети за сиромашните земји.

„Барав вакцината да не се користи додека не добие согласнос од нашата Агенција за лекови, затоа што оваа вакцина нема согласност ниту во ЕУ, ниту во САД,“ изјави Турковиќ.

„Се работи за многу достапна вакцина, која воглавно се користи во сиромашните земји, како што е Доминиканска Република или слично. Значи, многу евтина и многу достапна и нема дозволи за користење во ЕУ. Затоа мој услов беше таа да се провери во нашата агенција,“ додаде министерката за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина