„АстраЗенека” е подготвена вакцините за Бугарија да ги испорача два дена порано

Од:

По острото писмо на бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, поради најавеното намалување на снабдувањето со вакцини на „АстраЗенека“, шведската фармацевтска компанија во писмен одговор пренесен од приватната телевизија НОВА наведува дека „како резултат на нивните тековни напори очекуваат да бидат во можност да ја испорачаат следната количина вакцини во Бугарија два дена порано од планираното“.

„Производството на вакцини е процес со висок степен на техничка сложеност. Иако компанијата прави неуморен напор да одговори на предизвиците што се појавуваат во текот на производството, може да има некои промени и тешкотии во воведувањето на секој нов производствен процес. До средината на март очекуваме уште две испораки за Бугарија“, одговори „АстраЗенека“.

Бугарското Министерство за здравство вчера испрати остар допис до шведската компанија во врска со најавеното доцнење во снабдувањето со вакцини. Во него, министерот за здравство забележа дека во моментов има сериозно доцнење во снабдувањето со вакцини од компанијата. Како пример тој наведе дека на 1 март Бугарија веројатно ќе добие само 52.000 дози на лекот, иако според планот требаше да бидат над 142 илјади. Од тие причини министерот Ангелов инсистираше компанијата утре под итно да испрати 52.000 дози од препаратот во Бугарија, а Софија дури искажа и подготвеност да обезбеди воздушен транспорт за оваа намена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит