Армиите на државите од Балканот продолжуваат со блиска соработка преку Форумот Б-9

Од:

Армиите на државите од Балканот кои се во групата Форум Б-9, ќе продолжат со блиската соработка за да ја зајакнат регионалната безбедност, но и взаемно да си помагаат во кризни ситуации предизвикани од природни непогоди.

Тоа е заклучокот од состанокот во Сараево на началниците на ГШ на оружените сили на државите од регионот.

На состанокот учествуваа началници на ГШ на Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Турција, Грција, Романија и Бугарија како и командантот на Командата на НАТО во Неапол, Брус Клинган.

Хрватска и Словенија имаат статус на набљудувачи.

Началникот на ГШ на оружените сили на БиХ Анто Јелеч им заблагодари на сите држави кои понудија и дадоа помош за неговата држава за поплавите.

– Мора да бидеме подготвени во иднина регионално да одговориме во такви предизвици, додаде тој.

Форумот Б-9 е воспоставен на иницијатива на Грција и Турција во 2006 година, а конференцијата на началници на ГШ се одржува еднаш годишно.

Би можело да ве интересира

Писториус: 100 милијарди евра не се доволни за покривање на потребите на германската војска

Горан Наумовски

Неколку Израелци ранети во напад во палестинскиот град Наблус

А1он

Додик: Ако НАТО не нападне, имаме пријатели кои ни ветија помош

Заедничка обука на специјалните сили на Македонија, САД и на Грција

Три воени бази во Белорусија се ставени во готовност

Жарко Настоски

Пендаровски ги посети армиските нуркачи во Охрид

Жарко Настоски