Анте Готовина ја тужи Карла Дел Понте

Од:

Одбраната на хрватскиот генерал Анте Готовина пред Хашкиот суд објави денеска дека има намера да ја пријави екс главната обвинителка Карла дел Понте на швајцарската адвокатска комора поради изјавата дека правосилната пресуда со која се ослободени двајцата генерали не претставува задоволување на правдата.

„Денеска подготвуваме етички приговор до адвокатската комора против Карла дел Понте поради нејзиното интервју за „Блиц„, наведуваат адвокатите на Готовина.

Дел Понте во интервју кое го даде за спрски „Блиц“ вели дека не знае што е основата за ослободителната одлука но дека е навистина „шокирана бидејќи ова не е правда“.

Таа кажа и дека не може да го прифати тоа што се случи во судската постапка по објавувањето на првостепената пресуда со која Готовина и Маркач кои беа осудени на 24, односно 18 години затвор.

Дел Понте наведе дека обвинителството кое го водела во времето на покренувањето на обвинение против хрвтаските генерали, имало подготвено доволно докази со кои Готовина и Маркач морале да бидат осудени.

Таа дури и кажа дека за ваквата пресуда после ова „мора да се појави сомнежот дека влијаело нешто, што немало никаква врска со судот“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски