Анонимен повик за подметнати бомби создаде проблеми во атинското метро

Од:

Две линии на атинското метро попладнево се затворени и евакуирани сите патници како од вагоните, така и од станиците, по анонимниот повик во информативен портал дека на две станици се поставени бомби, јави дописничката на МИА од Атина.

Околу 15.30 часот по локално време, непознато лице се јавило во порталот „Зугла“ и рекло дека во 16.15 часот ќе експлодира првата бомба поставена на централната станица Синтагма, а втората 25 минути подоцна на друга станица, исто така во центарот на Атина.

Првично, полицијата ги затворила само овие две станици, но подоцна била дадена наредба да се затвори целата мрежа поради евакуацијата на вработените во центарот за контрола на работата на метрото што се наоѓа на Синтагма.

Специјални единици на грчката полиција заедно со специјално обучени кучиња го пребаруваат просторот, а не е исклучена можноста да станува збор за лажен повик, како што повеќепати било случај во минатото.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски