Анкета: СИРИЗА со 1,2 % предност пред Нова демократија

Од:

За СИРИЗА на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на вонредните парламентарни избори во септември ќе гласаат 29 проценти од избирачите, а за конзервативната партија Нова демократија – 27,8 отсто, покажуваат резултатите од анкетата изработена од „Метрон анализ“.

За новоформирана партија Народно единство, формирана од дисидентите на СИРИЗА, се изјасниле 4,1 отсто од испитаниците.

Ултрадесничарската партија Златна Зора има поддршка од 8,3 проценти, а потоа следи центристичката Потами со поддршка од 6,7 отсто.

Според резултатите од анкетата поранешниот коалициски партнер на СИРИЗА, Независни Грци нема да освои три проценти од гласовите, колку што е потребно за влез во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит