Анкета: Секој трет жител сака да ја напушти БиХ во следните пет години

Од:

Во следните пет години една третина од населението на Босна и Херцеговина планира да ја напушти земјата, покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата “Прима Комуникејшнс”.

Анкетата, која е спроведена врз 1.600 испитаници во декември 2019 година, покажува дека само во текот на оваа година БиХ планираат да ја напуштат 12,3 отсто од нејзините граѓани.

Вкупно во следните пет години од БиХ ќе заминат 33,5 отсто жители.

Истовремено, државата не планираат да ја напуштат околу половина од населението, односно 48,9 проценти, додека 17 отсто од анкетираните не одговориле на прашањето .

Истражувањето покажало и дека на најголем број граѓани, околу 60 отсто, во последните три години им се случило во странство да им замине близок член на семејството или пријател.

БиХ нема точни податоци колку нејзини жители заминале од земјата во последните години, но најголем број луѓе се отселиле во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

Орце Костов

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Во гимназијата во Центар Жупа има само 14 матуранти, иселувањето го празни регионот