Анкета: Расте предноста на Сириза пред Нова демократија

Од:

Коалицијата на радикалната левица (Сириза) има пет проценти предност пред Нова демократија (НД), покажува последната анкета на јавното мислење во пресрет на вонредните парламентарни избори во Грција закажани за 20 септември, што денеска ја објави грчкиот „Весник на уредниците“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, според анкетата, спроведена од 7 до 9 септември од страна на „Про Дата“, Сириза е прва со поддршка од 28,5 отсто од гласачите, по што следат НД со 23,5 отсто, Златна зора со 6,5 отсто, ПАСОК со 4,5 проценти, Потами со четири отсто, Сојузот на центристите со 3,5 проценти и Национално единство и Независни Грци со по 2,5 проценти. Неопределени се 17,5 проценти од Грците.

На прашањето кого сметаат дека е посоодветен за премиер, 37 отсто од испитаниците го преферираат Алексис Ципрас, а 25 отсто се за Евангелос Меимаракис. Сепак, дури 25 отсто од Грците сметаат дека никој не е погоден за функцијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит