Анкета: Приближно 50 проценти од Србите сметаат дека земјата се движи во добар правец

Од:

Најновото истражување на српската телевизија Б92 и „Ипсос стратеџик маркетинг“ покажува дека 47 проценти од граѓаните сметаат дека Србија се движи во добар правец, додека граѓаните најмногу ги загрижува невработеноста.

Истражувањето изработено на примерок од 1.003 испитаници, покажува дека 37 проценти од граѓаните сметаат дека земјата се движи во погрешен правец, додека одговорот не го знаат 16 проценти.

Во декември минатата година првпат бројот на граѓани што сметаат дека зејата се движи во позитивен правец бил поголем од процентот на испитаници што сметаат спротивно, но разликата била минимална, наведува телевизијата Б92.

Разликата сега е значително поголема, дури 10 проценти во корист на оние што сметаат дека Србија се движи во добар правец.

Сепак, 44 проценти од граѓаните сметаат дека најголем проблем на Србија во 2013 година била невработеноста. Околу девет отсто се загрижени поради нискиот животен стандард, осум проценти за корупцијата, додека на четврто место е Косово со шест отсто.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ