Анкета: Повеќе од половина од Грците ќе се вакцинираат против Ковид-19

Од:

Меѓу 63 и 74 отсто од Грците ќе се вакцинираат против Ковид-19, според резултатите од истражувањата на јавното мислење на „Metron analysis“ за телевизијата „Мега“ и на „Pulse“ за телевизијата „Скај“, објавени во синоќешните централни изданија на вестите, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истражувањето за телевизијата „Скај“, 47 отсто од анкетираните, вакцината ќе ја примат колку е можно побргу, 22 проценти многу подоцна, а 16 отсто по два-три месеци, додека пак шест од десет испитаници за „Мега“ рекле дека вакцината е безбедна.

Процентот на граѓани кои ќе се вакцинираат и според двете анкети е зголемен во споредба со претходните истражувања направени од истите агенции, во изминатите месеци.

На прашањето кој е најголемиот проблем во Грција, 42 отсто од анкетираните од „Metron analysis“ за „Мега“, одговориле дека тоа е пандемијата, а 32 проценти економијата.

Речиси шест од десет Грци, односно 58 отсто, според резултатите од истражувањето објавено на телевизијата „Скај“, се загрижени за новите мутации на вирусот.

Во однос на политичката сцена во Грција, Нова демократија и на двете истражувања има предност од 16, односно 16,4 отсто пред опозициската СИРИЗА, додека пак Кирјакос Мицотакис и понатаму е со поголема популарност во однос на Алексис Ципрас.

Во истражувањето на „Pulse“ за телевизијата „Скај“ биле анкетирани 1.506 лица во периодот од 25 до 27 јануари, а во анкетата на „Metron analysis“ за телевизијата „Мега“ спроведена од 19 до 25 јануари , учествувале 1.200 лица со право на глас.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен