Анкета: Нова демократија со водство пред Сириза

Од:

На точно еден месец пред парламентарните избори во Грција, според нова анкета, главната опозициска партија, Нова демократија, води со 7,7 отсто пред владејачката СИРИЗА.

Вкупно 31,2 отсто од испитаниците рекле дека ќе гласаат за конзервативците, додека само 23,5 отсто ја претпочитаат СИРИЗА, а 6,1 отсто својот глас би го дале на Движењето за промени. По нив следат Комунистичката партија со поддршка од 3,8 отсто и неонацистичката Златна зора со 3,6 отсто.

Партијата на поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис „Мера 25“, се очекува да добие поддршка од 2,8 отсто, а само 1,7 отсто ќе гласа за екстремно десничарската „Грчко решение”, што значи дека двете политички формации нема да влезат во новиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески