Анкета: Најголем дел од Словенците сметаат дека се подобрува ситуацијата со епидемијата

Од:

Според анкетата што ја објави Словенечката информативна агенција (СТА), 70 отсто од граѓаните сметаат дека се подобрува ситуацијата со епидемијата на коронавирусот во земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, резултатите покажуваат дека граѓаните се по оптимистички гледаат на исходот од епидемијата, бидејќи пред една недела, истражувањето на јавното мислење покажа дека 57 отсто од Словенците сметаат дека работите се движат во позитивна насока.

Според резултатите на агенцијата Валикон која ги прави овие истражувања, една петина од испитаниците кажале дека последните мерки на Владата за ограничувањето на движењето на граѓаните со цел да се спречи ширењето на коронавирусот се престроги.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он