Анкета: Мнозинството Грци се согласуваат со владината политика за забрана на пушењето и укинување на студентскиот имунитет

Од:

Повеќе од половина анкетирани односно 63 отсто изјавиле дека работите во Грција во изминатите шест месеци се движат сигурно или веројатно во правилна насока, а мнозинството од анкетираните се согласуваат со законот за забрана на пушењето и со законот за укинување на студентскиот азил, покажуваат резултатите од најновата анкета, јави дописничката на МИА од Атина.

На прашањето дали се согласуваат со имплементацијата на Законот за забрана за пушење на јавни места 75 отсто одговориле позитивно, од кои 61 процент се изјасниле дека сигурно се согласуваат, а 14 отсто дека веројатно се согласуваат.

За Законот за укинување на студентскиот имунитет 66 проценти од анкетираните рекле дека се согласни (50 отсто сигурно се согласуваат, 16 проценти веројатно).

Во однос на распоредот на силите меѓу политичките партии, Нова демократија и понатаму е во предност пред СИРИЗА со 14 отсто разлика. Поконкретно, владејачката партија има поддршка од 38 отсто од испитаниците, опозициската 24 проценти, а потоа следат Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25.

На прашањето „Без оглед за кого ќе гласате, која партија сметате дека би била прва“, за Нова демократија се изјасниле 70 проценти, а СИРИЗА 17 отсто од испитаниците.

Кирјакос Мицотакис, со 45 проценти е во водство пред Алексис Ципрас (26 отсто) во однос на тоа кој од нив двајца е посоодветен за премиер.

Испитувањето на јавното мислење е реализирано од агенцијата „Пулс“, а нарачана од грчката телевизија „Скај“. Со анкетата реализирана од 18 до 20 ноември, телефонски испитани се 1.211 граѓани со право на глас било спроведено од 18 до 20 ноември 2019, преку телефонски интервјуа со вклучени 1211 лица со право на глас.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски