Анкета: Грците и Бугарите на врвот од ЕУ за ненавремено плаќање на сметките

Од:

Грција се наоѓа на првото место во ЕУ по неможноста за навремено плаќање на комуналните услуги, бидејќи тоа претставува проблем за една третина или 36 отсто од домаќинствата во земјата, покажува новото годишно истражување на јавното мнение на ЕУ за приходите и условите за живот (EU-SILC).

Податоците се однесуваат на период од 12 месеци.

На второ место е Бугарија со 30 отсто од домаќинставата кои не се способни навремено да ги плаќаат своите сметки во последните 12 месеци.

Далеку зад првите две земји се наоѓаат Хрватска и Романија со 17,5, односно 14 отсто од домаќинствата. За разлика од нив, малку или минорен број домаќинства не успеваат навреме да ги платат своите комунални услуги во Холандија, Чешка, Шведска и Австрија (сите околу два отсто).

Подобрувањето на условите за живот на луѓето и борбата со сиромаштијата и социјалната нееднаквост е централен дел во политиките на Европската унија. Независно од тоа, во ЕУ се уште има домаќинства кои имаат тешкотии да сврзат крај со крај во месецот. Речиси седум отсто од домаќинствата поради финансиски тешкотии не се во состојба навреме да ги плаќаат своите комунални услуги (затоплување, струја, гас, вода и т.н.), покажува новото истражување на Евростат. Овој дел, меѓутоа, во целина во ЕУ постојано се намалува, бидејќи во 2013 година ваков проблем имаа над 10 отсто од домаќинствата.

Малку под 14 отсто од домаќинствата во ЕУ, кои се состојат од еден возрасен родител со деца кои зависат од него, се судираат со слични тешкотии во споредба со помалку од три отсто домаќинства, кои се состојат од двајца возрасни (со најмалку еден од нив на 65 години или повисока годишна возраст). Меѓу домаќинствата со двајца или тројца возрасни и зависни деца овој дел изнесува околу 11 отсто.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески