Анкета: АКП нема да добие доволно гласови за формирање на еднопартиска влада

Од:

Поддршката за владејачката во Турција Партија на правдата и развојот (АКП) се зголеми до 41,4 проценти од 40,9 отсто, за време на изборите на 7 јуни, но сепак не доволно за партијата да освои доволно гласови на претстојните парламентарни избори на 1 ноември, за формирање на еднопартиска влада, објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Метропол“.

На изборите на 7 јуни АКП го загуби парламентарното мнозинство за првпат, откако дојде на власт во 2002 година. Откако не беше постигнат договор за формирање на владејачка коалиција Ахмет Давутоглу формира преодна влада до предвремените избори на 1 ноември.

Резултатите од истражувањето, објавени синоќа од телевизијата Си-Ен-Ен-Турк од претседателот на агенцијата Метропол Јозер Сенџар, покажуваат поддршка од 27,3 проценти за главната опозициска сила Републиканска народна партија, 15,3 отсто за Партијата на национално движење и 13 проценти за прокурдската Демократска партија на народите.

На изборите во јуни Републиканска народна партија освои 25 отсто од гласовите, Партијата на национално движење доби 16,3 отсто од гласовите, а прокурдската Демократска партија на народите 13,1 процент.

Анкетата е спроведена меѓу 2 и 5 септември и во неа учествувале 2.540 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ