Анкара официјално побара од Атина да ги екстрадира осуммината Турци кои побараа азил во Грција

Од:

Турција поднесе официјално барање до Грција за екстрадиција на осуммината Турци кои избегаа во Александруполис по неуспешниот обид за државен удар минатиот месец, јави дописникот на МИА од Атина.

Според некои турски медиуми, документите за предметот и барањето за екстрадиција биле испратени вчера од страна на турското Министерство за правда до колегите во Атина.
Шестмината пилоти и двајца инженери се уште се во полициски притвор во Атика, и чекаат одговор на нивното барање за азил. Нивните апликации ќе бидат разгледани на 19, 23, 24 и 25 август.

Турција сака да им се суди под обвинение за прекршување на Уставот на земјата, за обид да извршат атентат врз турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и за учество во државниот удар.

Сите осуммина ги отфрлија обвиненијата и велат дека се плашат дека ќе бидат убиени ако се вратат во Турција. Нивниот грчки адвокат, Ставрула Томара за „Катимерини“ изјави дека нејзините клиенти само следеле наредби од нивните претпоставени и немале никаква поврзаност со државен удар.

Таа, исто така, инсистираше на тоа дека било невозможно тие да биле вклучени во обидот за атентат против Ердоган, затоа што биле 30 километри североисточно од Истанбул, што е далеку од Мармарис, каде што турскиот претседател се наоѓал за време на државниот удар.

Томара исто така изрази стравување дека Турција ќе го искористи прашањето за екстрадиција за да се укине договорот меѓу Брисел и Анкара од март минатата година за мигрантската криза.

Би можело да ве интересира

„Анкара може да се повлече од НАТО за пет до шест месеци“: Турската патриотска партија започна кампања за повлекување од алијансата

А1он

На универзитетот во Анкара почнуваат со работа нова македонистичка катедра и нов лекторат по македонски јазик

Германскиот амбасадор го нарече Ердоган „мал канализациски стаорец“, Анкара реагираше

А1он

Чавушоглу: Анкара е за укинување на правото на вето во Советот за безбедност на Обединети нации

А1он

Анкара ќе го информира НАТО за провокации од грчка страна

А1он

Меѓународниот семинар за македонски јазик при УКИМ работи на отворање лекторат во Анкара