Ангелов ги повика приврзаниците на ГЕРБ на протести пред бугарската Влада

Од:

Поранешниот министер за здравство Костадин Ангелов, кој е пратеник на ГЕРБ во 47. Народно собрание на Бугарија, ги повика симпатизерите на неговата партија утре да учествуваат на протестот пред зградата на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, пред Генералниот директорат на Националната полиција на Бугарија се собраа поддржувачи на ГЕРБ и пратеници од пратеничката група на ГЕРБ-УДФ, меѓу кои и лидерот на УДФ Румен Христов.

Адвокатот на Бојко Борисов, Менко Менков, со својот клиент влезе во зградата на Генералната управа на полицијата во Софија.

Насобраниот народ скандирааше „Оставка“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Борисов до мајката на Пендиков: Македонија ќе го доживее бугарскиот гнев

Орце Костов

Бојко Борисов најави средба со Кирил Петков

Петков: Борисов да се пензионира, а по реформите во судството – да оди во затвор

Пет години откако Заев и Борисов се изгушкаа по потпишувањето на Договорот за добрососедство

Орце Костов

Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Македонија

Орце Костов

Бојко Борисов достави до Собранието предлог за кревање на ветото за Македонија

Орце Костов