Анархистичка група ја презеде одговорност за запалениот автомобил на италијанската дипломатка во Атина

Од:

Анархистичката група „Јадро на одмазда Карло Џулиани“ ја презеде одговорноста за запалениот автомобил, минатата седмица, на првата советничка во амбасадата на Италија во Грција Сузана Шлајн, јави дописничката на МИА од Атина.

Во опширниот и детален текст објавен на анархистички сајт, групата ги објаснува причините за нападот што е во знак на поддршка и солидарност за италијанскиот затвореник и анархист Алфредо Коспито, кој од 20 октомври штрајкува со глад, против, како што пишуваат, строгиот затворскиот режим воведен со членот 41 од италијанскиот закон за (41-бис).

-Со погледот насочен кон социјалната револуција и меѓународната солидарност решивме да испратиме наш сигнал на солидарност до другарот и борбата што ја води против режимот 41- бис. Избравме да ги нападнеме возилата на првата советничка на италијанската амбасада во нејзината приватна резиденција на улицата Блеса бр. 68 во Папагу. Се појавивме во ноќта и се изгубивме во неа, ефективно заземајќи став во војната што ја живееме. Војна во која мора да бидеме во офанзива барајќи правда, соопштуваат од анархистичката група.

Минатиот петок, со експлозивен материјал, веројатно молотов, беше запален паркираниот автомобил на дипломатката, нападот го осуди грчкото МНР, а преку Твитер, реагираше и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија Антонио Тајани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен