Ана Брнабиќ – силен, но предизвикувачки потег на Вучиќ

Од:

Глобус – Загреб

Александар Вучиќ повлече силен, но и многу интригантен и предизвикувачки потег, кога како претседател на Србија донесе одлука нов премиер, поточно премиерка на Србија да биде досегашната министерка за државна и локална самоуправа, 42-годишната Ана Брнабиќ.

Ана Брнабиќ ќе биде прва жена на функцијата премиер во историјата на земјата, покрај тоа и е прво лице кое јавно се декларираше како геј, а притоа и делумно со хрватски корени, како што се пишуваше овие денови во хрватските медиуми.

Сите соговорници во Белград, па и тие кои не се премногу склони на Александар Вучиќ, велат дека неговата одлука за нов премиер/ка на Србија да ја одбере Ана Брнабиќ е „маестрална”.

Пријателите на Ана Брнабиќ велат дека нејзината вистинска татковина сепак е Србија, а не Хрватска, со напомена дека за Хрватска е поврзана со една четвртина од нејзините корени.

Хрват бил нејзиниот дедо по татко, Антон. Тој е роден во Стара Башка на Крк. По занимање бил воено лице. Како младо момче тој во Втората светска војна се приклучил на партизаните, а по војната како офицер, а потоа потполковник, останал во Југословенската народна армија (ЈНА).

Бабата на Ана, од таткова страна, Антон ја запознал во Ужице кај Пожега. Таа по потекло е од Горобиља кај Пожега, каде и денес живее дел од семејството на Ана, за кое таа е многу врзана. Откако Антон и бабата на Ана се венчале, нивниот син, таткоѕо на Ана, Зоран дошол на свет во 1950 година.

Семејството на Ана никогаш не живеело во Хрватска. Таткото на Ана, Зоран завршил гимназија во Ваљево, а студии во Белград, каде продолжил да живее и работи. Семејството на Ана од секогаш живеело во Белград, а на Крк одела во текот на летните одмори, освен во 90-те години кога во Хрватска траше војната.

– Ана е Србинка, нејзината татковина е Србија и таа секогаш истакнува дека е голем патриот, поради што се врати во земјата по шест години престој во странство, вели една добра пријателка на Ана Брнабиќ.

Александар Вучиќ се одлучи Србија да ја носи кон Западот, а на тој негов пат најдобра алка ќе биде токму новата премиерка на Србија Ана Брнабиќ” – ако помине изборот во парламентот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов