Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, денеска треба да пристигне во Бугарија на разговор со министерот за одбрана Драгомир Заков, а утре ќе биде примен од премиерот Кирил Петков.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, посетата на Лојд Остин на Софија претходеше на неговите посети на Брисел и Словачка и е дел од неговата турнеја низ Европа, со цел да им даде поддршка на сојузниците од НАТО.
Во рамките на посетата, бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ќе одржат средба со војниците од армиите на двете земји кои учествуваат на заедничката бугарско-американска обука на полигонот Ново Село.
На состанокот во Министерството за одбрана, Заков и Остин ќе разговараат за перспективите за развој на билатералната безбедносна соработка.
Извор: МИА