Американска помош од заштитни средства за албанските бели мантили

Од:

Во Тирана пристигна помош од САД што се состои во заштитни средства за медицинскиот персонал во борбата против коронавирусот.

Веста на Фејсбук ја објави министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу која напиша дека „добриот пријател се познава во тешки денови“.

„Благодарност до американскиот народ за помошта за Албанија, што се состои во средства за лична заштита на медицинските екипи на првата линија на соочувањето со Ковид-19. Благодарност до амбасадорката Јури Ким. Заедно сме во оваа војна“ ,напиша Манастирлиу.

На Фејсбук се огласи и американската амбасадорка, која напиша дека е горда за помошта што и се дава на Албанија која е сојузник на САД.

„Горда сум што на терен го набљудував предавањето на помошта, што е дел од Програмата за хуманитарна асистенција на европската команда на САД, за нашиот сојузник Албанија, за да му помогнеме на Министерството за здравстсво во заштитата на здравствените работници кои се во првата линија на соочувањето со Ковид-19,- напиша американската амбасадорка во Тирана,Јури Ким.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат