Американска донација во хелкоптери за албанските воздухопловн сили

Од:

Албанските воздухопловни сили ќе бидат дополнително модернизирани со хелкоптери Блек Хок, благодарение на поддршката на Министерството за одбрана на САД.

За време на нејзиниот престој во САД, министерката за одбрана Олта Џачка ја посети Националната гарда на Њу Џерси во заедничката база Мекгиер-Дикс-Лејкхерст, каде што беше примена од бригадниот генерал Џемал Џ. Бил,командант на базата.

При тоа потпишан е билатерален договор меѓу Министерствата на двете земји за донација од неколку хеликоптери Блек Хок.

Министерката Џачка, го оцени ова како огромна помош дадена за Албанија.

-Поддршката што САД ја дава за Албанија не само што ги модернизира нашите капацитети, туку и ја зголемува подготвеноста и оперативноста на нашите воздухопловни сили, рече Џачка.

Ова лето, пилотите и техничарите на албанските воздухопловни сили ќе започнат со обука во Националната гарда на Њу Џерси, кои ќе ги управуваат и грижат за одржување на леталата.

Албанските вооружени сили на почетокот на месецов добија 37 блиндирани возила, донација од Владата на САД. Возилата се марка Интернешнал Макс Про МРАП – International Maxx Pro MRAP (Mine Resistant Ambush Protected) и ќе бидат искористени од структурите на албанските вооружени сили, кои се дел од колективната одбрана на НАТО.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија