Америка го поддржува „Мини-Шенген“ десетпати повеќе од Европејците, вели Вучиќ

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ во врска сo иницијативата за ткн. „Мини-Шенген“ што ја покрена со премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, изјави дека Вашингтон „десетпати повеќе ја поддржал од Европејците и дека тој „се прашувал зошто е тоа така“, како и дека регионот на Западен Балкан би можел да биде мотор на развојот на цела Европа доколку се формира единствен пазар во рамките на иницијативата „Мини Шенген“.

Во разговор со преставници на Атланскиот, запрашан за коментар околу пречките во реализацијата на иницијативата и Берлинскиот процес, Вучиќ кажа дека таа не е никаква алтернатива на европскиот пат за земјите од Западен Балкан.

Како што рече српскиот претседател, тој аргумент често може да се слушне како изговор за неучеството во таа иницијатива, пред се од политички причини.

-Тоа е одлична идеја и јас сум горд на тоа, истакна Вучиќ и посочи дека таа е добра за целиот регион и за сите поединечно.

Тој им се заблагодари на САД за поддршка на идејата, додавајќи дека Американците ја поддржуваат десетпати повеќе од ЕУ.

Вучиќ додаде дека Приштина одбивала да се приклучи на иницијативата, а потоа го потпишала договорот во Вашингтон со кој се предвидува тоа, но дека тие и понатаму немаат ништо преземено во врска со тоа прашање.

-На Рама не му беше лесно затоа што Косово одбива да учествува, кога ќе ги прашате зошто, нема рационално објаснување. Исто така, некои во Претседателството на БиХ не сакаат да бидат дел од таа иницијатива затоа што сметаат дека тоа е предлог на Србија. Исто е и со Црна Гора, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека ги разбира нивните стравови од доминација на Србија во регионот, но дека, како што рече, Србија мора да биде убедлива.

-Мора да им дадеме повеќе гаранции и да бидеме многу убедливи за да разберат дека тоа не е добро само за Србија, туку и за нив. Ако создадеме единствен пазар, можеме да бидеме мотор на растот за цела Европа, нагласи Вучиќ.

Тој оцени дека земјите од регионот сè уште заостануваат споредбено со развојот на земјите од Западна Европа, кои имаат двојно поголем БДП, но дека регионот, доколку биде обединет, може значително да го скрати периодот за да го достигне нивото на развој.

Говорејќи за зелената агенда, тој кажа дека тоа не е лесно прашање за регионот, ниту за Србија, иако сите се согласуваат дека зелената трансформација е неопходна, прашањето за намалување на употребата на јаглен во производството на електрична енергија и слично.

Вучиќ кажа дека Србија започнала да работи на тоа поле заедно со ЕУ, која сега е многу позадоволна по тоа прашање отколку порано, но дека е потребен и избалансиран пристап.

-Ние не сме заинтересирани за создавање на Голема Србија – за нас, Голема Србија значи подобра економија, повеќе фабрики, спроведување на зелената агенда, но без загрозување на економијата, подобри плати, подобра инфраструктура, изјави српскиот претседател во серијалот на разговорите во организација на Атлантскиот совет.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ