Амели де Монтшалан: Западен Балкан според географијата има европска перспектива

Француската државна секретарка за Европски работи при Министерството за Европа и надворешни работи, Амели де Монтшалан, во неделното интервју за Франс Интер, Ле Монд и Франс Телевизион отворено не кажа кога Севрна Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори за членство во ЕУ, нагласувајќи дека тие имаат европска перспектива и дека за тоа ќе се расправа на состанокот во Луксембург, јавува дописникот на МИА.

Амели де Монтшалан, го повтори она што веќе подолго време се кажува од официјалните француски претставници, дека земјите од Западен Балкан имаат европска перспектива според нивната географија.

– Од секогаш велиме дека Западен Балкан според неговата географија имаат европска перспектива. Од секогаш велиме дека за да има проширување, Европа треба да се реформира одвнатре, бидејќи во сегашниве услови тоа е лудост. Исто така велиме дека треба да работиме за ако се отворат преговорите да бидат поврзани со реформите, посебно тие со правната држава. Ние ќе дискутираме за сите реформи поврзани со правната држава, како реформата на правосудството, борбата против корупцијата, организацијата на институциите. За ова ќе дискутираме со Европската комисија, рече таа.

Монтшалан, која неодамна имаше средба со претставници на македонската влада во Париз, останува неопределна кога Северна Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори, нагласувајќи дека тие имаат европска перспектива и дека за тоа ќе се расправа на состанокот во Луксембург.

-Од секогаш велиме дека Западен Балкан има европска перспектива. Дали моментот за тоа е сега, дали условите се исполнети, дали преговорите ќе одат подалеку, за тоа од вторник ќе се дискутира на Советот за општи работи во Луксембург, каде што ќе бидам присутна и најверојатно и во месеците што доаѓаат. Тоа се сложени прашања. Отворањето на преговорите, тоа го видовме за некои земји, воопшто не значи членство, Турција преговара повеќе децении, значи нештата треба да се гледаат во етапи, заврши француската државна секретарка за европски работи.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Однесувањето и соработката на соседите ќе го оценат нивниот пат кон ЕУ

Мадуро: ЕУ уценува со нови санкции

Меркел: Британија ќе остане партнер дури и кога нема да биде во ЕУ

Ана Ололовска

Брегзит без договор ќе ја чини Велика Британија 60 милијарди фунти

Кандидати за еврокомесари во идниот состав на ЕК

Ана Ололовска

Фон дер Лајен: Земјите од ЕУ да предложат по двајца кандидати за еврокомесар – жена и маж

Ана Ололовска