Амбасадорите на ЕУ одобрија укинување на визи за Косово

Од:

Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денеска одобрија укинување на визниот режим за Косово најдоцна од 1 јануари 2024 година.

Како што е најавено во Брисел, амбасадорите на земјите – членки на ЕУ денеска договорија преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз основа на кој претседателот на ЕУ ќе ги започне преговорите со Европскиот парламент.

Денеска направивме важен чекор кон безвизно патување за Косово и се надеваме дека брзо ќе постигнеме договор со Европскиот парламент за да го претвориме ова ветување во реалност, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

– Либерализацијата на визниот режим беше овозможена со напорите на Косово да ја зајакне граничната контрола, управувањето со миграцијата и безбедноста и веруваме дека оваа добра соработка само ќе зајакне во иднина, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липевски.

Според предлог-одлуката, на имателите на косовски пасоши им беше дозволено да патуваат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски