Амбасадата на Србија: Нема назнаки дека некој Србин е киднапиран во Либија

Од:

Амбасадата на Србија во Либија, после интензивното проверување на веста дека во таа земја е киднапиран еден српски лекар, не доби никакви назнаки дека такво нешто се случило, изјави за Танјуг, амбасадор на Србија во Триполи, Оливер Потежица.

– После веста дека во Либија бил киднапиран лекар од Србија, Амбасадата добила податоци дека станува збор за максилофацијален хирург и веднаш презела интензивни чекори напроверка на тие информации но се утврдило дека нема знаци дека некој лекра во Триполи е киднапиран, рече Потежица.

– Подоцна се појави друга информација, дека наводно е киднапиран некој наш лекар во близина на болница во место 50 километри југозападно од Триполи. Презедовме чекори и тоа да го провериме – нема ниту еден, според нашите информации, српски работник кој работи во таа болница, а според информациите од медицинскиот персонал од истата болница, нашиот последен работник кој работел во неа си заминал пред два месеци, додаде Амбасадата.