Албин Курти прогласи победа и најави дека е идниот премиер на Косово

Од:

Лидерот на Самоопределување, Албин Курти и кандидат за иден премиер на Косово прогласи победа на предвремените избори.

Тој најави дека веднаш почнува да работи на формирањето на нова влада со него како премиер.

-Напорно работевме, долго бевме ангажирани, но се се исплати на крајот, бидејќи секоја жртва вреди за нашите сакани граѓани. Обврска ни е да ја вратиме земјата на вистинскиот пат, рече Курти.

-Воспоставивме контакт со Содемократскиот сојуз на Косово за да ги крунисаме промените. Кога опозицијата ќе стане влада, тогаш се крунисуваат промените, рече Курти.

Што се однесува на дијалогот со Србија, рече дека како премиер ќе ја преземе одговорноста која му припаѓа по Уставот, а под негово водство „нема да постои прашањето што ќе му даде Косово на Србија во замена за признавање, туку долгот што Србија го има кон Косово“.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски