Албин Курти официјално ја презеде должноста премиер на Косово

Од:

Новиот косовски премиер, Абин Курти, претпладнево официјално, со државна церемонија, ја презеде функцијата од досегашниот вршител на должноста шеф на Владата, Авдулах Хоти.

Церемонијата на примопредавање на должноста беше одржана пред зградата на Владата, каде што беше изведена државната химна и беше построена свечената гарда на Безбедносните сили на Косово.

Според агендата на денешните активности на Курти, што ја објави владината служба за информирање, во 11.30 часот тој ќе ја одржи првата седница на новата Влада, по што ќе замине за Преказ, каде што ќе го посети Меморијалниот комплекс „Адем Јашари“. За попладне е предвидена средба со шефот на Канцеларијата на Европската унија во Приштина, Томаш Суниог.

Собранието на Косово синоќа, со 67 гласа „за“, 30 „против“ и ниеден воздржан, го изгласа лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти за нов премиер и го усвои неговиот предлог за состав на Владата. Кабинетот на Курти има 18 члена, од кои тројца вицепремиери.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он