Албин Курти допатува во Тирана за да им искаже поддршка на студентите

Од:

Лидерот на косовското движење „Самоопределување“, Албин Курти допатува во Тирана, за да изрази поддршка на студентските протести, на кои од денеска им се прдружја и професорите.

Како што јави дописникот на МИА, Курти имаше средба со студенти и професори на Факултетот за социолошки науки, кои ги охрабри да истраат во нивните напори.

„Победите во историјата на општеството доаѓаат со издржливост. Активноста ја почнав токму на чело на студентските протести во Косово. Протестите на студентите се праведни кога со нив се и професорите. Студентското незадоволство и протестте не се за потсмев. Во Косово со посебно внимание ги следевме вашите протести. Со вашите протести доаѓа пролет. Овој протест е против привилегиите што ги имаат богатите“, изјави Курти.

Тој смета дека албанското општество треба да се трансформира.

„Во прашање е иднината на албанското општество. Ве повикувам да имате консолидирана организација. Организираноста ве прави посилни. Образованието не е луксуз“, посочи Курти.

Албанските студенти повеќе од две недели протестираа пред Нова година. Тие ги прекинаа протестите поради божиќните и новогодшни празници, но од 7 јануари продолжија со протестните собири, при тоа „запоседнувајќи“ ги факултетите.

Студентите, исто така не им дозволуваат на службениците од Министерството за образование и Министерството за финансии да влезат во зградите на факултетите.

Професорите денеска им се придружја на студентите во протестите, откако по дадениот рок на Владата да го укине новиот закон за високо образование, не добија одговор.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија