Албанскиот претседател ги одликува Безбедносните сили на Косово

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета ги одликува денеска Безбедносните сили на Косово (ФСК) за нивниот придонес во справувањето со последиците од силниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мета на церемонијата во касарната на ФСК „Адем Јашари“ во Приштина им се заблагодари на сите институции, фирми и лица од Косово кои ја помогнаа Албанија по земјотресот, а одликувања им додели и на косовското електростопанство (КЕК), противпожарната служба од Сува Река и рудниците Трепча и Ново Брдо.

Албанскиот претседател изјави дека секоја земја на НАТО би била задоволна од тоа што го стори ФСК во деновите на потрага по преживеаните и нивно спасување по земјотресот кој предизвика 51 жртва, стотици повредени и големи разурнувања во Драч и Тумане.

– Би сакале да го прославевме 28 Ноември (албанскиот национален празник, н.з.) со сета величественост која ја заслужува овој благословен ден, би сакале да го прославевме во Валона, Тирана, Приштина и Призрен, Скопје и Њујорк, но не било судено. Сепак, овој 28 ноември не затекна обединети како никогаш порано нас Албанците, соочувајќи се со катастрофалните последици кои ги предизвика земјотресот од 26 ноември во Албанија. Косово беше прво кое се најде таму веднаш. Вашите тимови не беа таму само физички, туку и човечки и албански ризикувајќи ги своите животи за да ги спасат животите на другите, изјави Мета.

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај се заблагодари на целиот народ на Косово за солидарноста која ја покажа во тешките денови за Албанија.

– Празникот 28 Ноември ни дојде студен бидејќи се соочивме со силата на природата која ни однесе многу човечки животи. Во најтешките денови ни дојдоа на помош првите соседи и многу други пријатели од целиот свет и ова е потврда дека сме застанале на вистинскиот пат, на патот на мирот, изјави Харадинај.

Командантот на ФСК, генерал-мајор Рахим Рама изјави дека косовските војници „не направија ништо повеќе од тоа што би го направил братот за брата си“.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Земјотрес во Албанија

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов