Албанскиот брод „Орику“ спаси 140 илегални мигранти во Егејско Море

Од:

Бродот „Орику“ на албанската воена морнарица, кој е дел од мисијата на НАТО во Егејското Море, им помогна на 140 мигранти од Авганистан и Сирија, од кои 30 деца, безбедно да стигнат на копно.

Веста на својот профил на Фејсбук ја објави министерката за одбарана Олта Џачка.

-Во соработка со турските и грчките крајбрежни стражи, бродот „Орику“, дел од операцијата „Sea Guardian “ на НАТО, во изминатите три дена помогна во спасување на мигранти, возрасни и деца, во четири чамци во водите меѓу Турција и Грција а постоела опасност по нивните животи, наведува Џачка.

Бродот „Орику“, при патролирање во водите на Егејско Море, на 22 минатиот месец спаси 36 државјани на Авганистан, од нив 19 деца,8 жени и 9 мажи кои се наоѓале во моторен чамец.

Според Џачка, од 2016 година, кога Албанија стана дел од мисијата на НАТО, во Егејско Море прпадниците на албанската морнарица спасиле повеќе од 2.000 илегални имгранти, меѓу нив голем број жени и деца.

Во рамки на оваа хумана мисија, чија цел е спасување на мигранти кои илегално се обидуваат да се префрлат преку Егејското Море, во неговите води пловат и албанските бродови „Бутринти“ и „Лисус“.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек