Албански новинар тврди дека Дендиас е Албанец и е братучед на Рама

Од:

Во емисијата „Опен“ на Топ чанел телевизија посветена на посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, стана збор и за неговото албанско потекло.

Новинарот Ариан Чани рече дека во селото Вуно кај албанскиот приморски град Валона постарите жители тврдат дека тој потекнува токму од ова село.

-Грчкиот министер за надворешни работи Дендиас е Албанец од Вуно. Неговата фамилија претходно се презивала Деде, рече Чани.

Според него постарите жителите уште тврделе дека Дендиас е братучед на премиерот Еди Рама, бидејќи, како што вели, неговата мајка потекнува од селото Вуно.

Исто така беше речено дека веста за албанското потекло на Дендиас циркулирала и во грчките медиуми.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов