Албански експерт по ИТ: Ова е војна и мора да се третира како таква, ние сме во вонредна состојба

Од:

Иран започна уште една офанзива против Албанија. По сајбер нападите кои кулминираа со хакирање на владините сервери на 15 јули, викендов Албанија беше шокирана од колапсот на системот ТИМС. Заедно со него не функционираше и официјалната веб-страница на Државната полиција, јави Ора њуз.

Став околу ова прашање телевизијата побара од Едмонд Личај, еден од најпознатите експерти по информатичка технологија, кој оценува дека ова е многу сериозно прашање на кое албанската држава треба да има посериозен пристап.

Ова е војна, рече тој, и самата албанска влада ќе мора да ја третира како таква.

-Причината зошто не ги запираат нападите е тоа што ова е војна. Но, државата и институциите не го третираат како војна. Требаше итно да се состане Советот за национална безбедност. Анализата на Мајкрософт покажа дека сме биле цел на напади една година, што значи тие имаа пристап до нашите системи. За да ги блокирате сите пречки однадвор, мора целосно да се исклучите од интернет. Ова прашање не може да се води само со политички изјави и со размислување дека ги имаме меѓународните и тие се со нас, многу погрешен пристап, оценува тој.

Според него кибернападот треба да се третира како вонредна состојба и да не се биде задоволен само со враќање на системите.

-Мора да го третираме како војна, мора да се сфати посериозно од институционална страна. Партнерите мора да дојдат овде за да инсталираат. Дури и ако TIMS се врати, ќе добиеме друг систем. Мораме да влеземе во вонредна состојба. Правиме анализа на напад а треба да се мобилизираме. Мора да преминеме во вонредна состојба. Треба да се третира како вонредна состојба, смета Личај.

Додава дека податоците ги дистрибуира руски хост и нагласува дека дистрибуцијата на овие податоци мора итно да се блокира.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов