Албанската Влада ја повлече одлуката за поскапа струја за домаќинствата што трошат повеќе струја

Од:

Албанската Влада се предомисли па одлуката, што требаше да стапи во сила денеска, кој троши повеќе од 800 киловат часови месечно да плаќа поскапа струја, нема да се применува.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Еди Рама во денешната онлајн комуникација со граѓаните, ги наведе причините зошто е повлечена одлуката, која според него, можно е да почне да се применува од следниот месец, што зависи од тоа колку самите граѓани ќе штедат во потрошувачката како и хидролошките услови.

-Решивме да ја одложиме примената на одлуката поради две причини: првиот елемент се врнежите. Имавме обилни дождови, кои го зголемија нивото на вештачките акумулации во хидроцентралите. Вториот елемент е трендот на заштеда што предизвика потребата за енергија да биде помала од прогнозираната. Имајќи ги предвид овие два елемента оценивме дека можеме да продолжиме да ја задоволуваме потребата за електрична енергија, рече Рама.

Регулаторниот завод за енергетика на 24 минатиот месец, по предлог на владата, одобри зголемување на цената на енергијата за 4,4 пати за домаќинствата кои месечно трошат повеќе од 800 киловати електрична енергија, односно наместо 9,5 лека, цената требаше да биде 42 лека за киловатчас.

Оваа одлука требаше да се применува до 31 декември годинава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Никола на заедничката седница на албанските и косовските пратеници: Собирањето на сите Албанци во едно собрание некогаш изгледаше како сон

Ана Ололовска

Секој трет имигрант кој го минува Ла Манш е Албанец, тврдат британските медиуми

Ана Ололовска

Рама е избран за потпретседател на Социјалистичката интернационала, претседател стана Санчез

Ана Ололовска

Украинскиот град Лавов ќе биде европска младинска престолнина за 2025 година

Ана Ололовска

Полицијата не даде дозвола за протестот на 6 декември, за Бериша тоа е неважечко и протест ќе има

Ана Ололовска

Во Тирана утре заедничка седница на Парламентите на Албанија и на Косово

Ана Ололовска