Албанската Влада го демантира Харадинај, на Самитот за мини Шенген, Косово е покането на највисоко ниво

Од:

Канцеларијата за односи со јавноста на албанската Влада попладнево рагираше на изјавата на косовскиот премиер во заминување, Рамуш Харадинај, кој рече дека Косово не е покането на „мини Шенген“ Самитот, што ќе се одржи во Тирана.

Албанската Влада ја отфрли изјавата и соопшти дека Косово е покането на највисоко ниво преку поканата упатена до претседателот Хашим Тачи. Се додава дека поканата е упатена идентично како и за средбата во Охрид.

-Во врска со изјавата на премиерот на Косово во заминување, објаснуваме дека со оглед на формата на регионалните состаноци и фактот дека нова влада,во Косово, се уште не е формирана, Косово е покането на највисоко ниво, исто како и на состанокот во Охрид, преку покана до Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, објаснуваат од Владата.

Претходно Харадинај изјавил дека Косово нема добиено покана од Албанија за последователниот мини Шенген Самит што ќе се одржи во Тирана на 21 декември. Тој додаде дека дури и ако добие покана, нема да учествува на самитот.

На овој настан потврдено е учеството на македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов