Албанската Социјалистичка партија, денеска на 30 роденден, одржува Конгрес

Од:

Албанската владејачка Социјалистичка партија денеска одбележува 30 години од формирањето и како што генералниот секретар Таулант Бала вели „ денеска за социјалистите е празничен ден“.

Токму денеска партијата ќе одржи вонреден конгрес, што почнува во 17:30 часот на стадионот „ Ер Албанија“, чиј прв дел ќе биде посветен на „целото патување на Социјалистичката партија од нејзиното формирање до изборите на 25 април“.

-Нормално, ова е историски момент во патувањето на СП, која во текот на овие 30 години има посебен придонес во политичкиот живот на земјата. Единствената сила што никогаш не им наштети на интересите на земјата, напротив. Ова ќе биде првиот дел од Конгресот, ќе биде посветен на целото ова 30-годишно патување, рече Бала.

Победата на изборите на 25 април може се смета за кулминација на успехот на партијата, бидејќи за првпат во 30-годишниот плурализам во земјата, иста партија добива три владини мандати по ред, а исто толку победи има и на локални избори.

Во вториот дел од Конгресот, визијата на социјалистите „Албанија 2030“ ќе биде презентирана од премиерот Еди Рама, во која детално ќе ја презентира владината програма во третиот мандат 2021-2025.

Во третиот дел од Конгресот ќе се гласа за одлуките на Националната асамблеја, кои се поврзани со анализата на изборниот резултат на 25 април на локално ниво и кампањата на Социјалистичката партија за нови членови.

Анализата ќе помине во три фази преку посебна комисија, додека процесот ќе започне на 15 јуни годинава, до 15 јануари 2022 година на секое ниво на партија.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија