Албанската полиција предупреди за обид за дестабилизација на протестот на опозицијата

Од:

Неколку дена пред најавениот масовен антивладин протест, што албанската опозиција ќе го одржи на 16 февруари, државната полиција упати порака за внимателност и ја сподели загриженоста со јавноста за „учество на криминалци во протестите“.

„Државната полиција ја споделува со јавноста загриженоста за учество на митингот на лица со криминални досиеја или поттикнати од трети страни кои имаат за цел да создадат атмосфера на нестабилност во Албанија. Апелираме до политичките сили вклучени во организирање на протестот на 16 февруари да избегнуваат реторика која поттикнува активности против јавниот ред и мир“, се наведува во полициското соопштение.

Во истото се наведува дека, гарантирајќи го правото на собир и слободата на изразување на граѓани кои ги манифестираат своите политички ставови, полицијата ги повикува сите граѓани кои не се поврзани со овој собир, да го ограничат нивното движење во текот на 16 февруари (сабота) во подрачјето каде што ќе се одржи протестот.

Државната полиција, исто така, информира дека ќе спроведе интензивни контроли на возилата по неколку национални патни правци, како и улици во главниот град. Тоа со цел да се спречи вклучување на лица со криминални досиеја на протестот, во интерес на безбедноста на учесниците и другите граѓани.

Албанската здружена опозиција, предводена од Деморатскста партија на Љуљзим Баша, за 16 февруари закажа масовен протест, најавувајќи дека ќе продолжи со протестите се до соборување на Владата на премиерот Еди Рама и формирање преодна влада, која ќе спроведе слободни и демократски избори.

Би можело да ве интересира

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Грк починал во битолско казино

Анита Петровска Рајковиќ

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови