Албанската полиција откри 27 мигранти од Ирак

Од:

Продолжуваат обидите на илегални мигранти од Блискиот исток, да влезат во Албанија и патот да го продолжат во земјите на ЕУ.

Полицијата од градот Фиер во возило на жител на Саранда открила 27 мигранти државјани на Ирак,кои илеглано влегле на албанска територија.

-Во рамките на регионалната операција „Joint Action Days” за борба против трговијата со луѓе на Балканот, структурите на локалната дирекција на полицијата во Фиер, во соработка со Интерпол Тирана и Генералниот директорат на државната полиција, ги интензивираа контролите на патните правци Фиер – Ѓирокастро, Фиер-Валона и Фиер-Тирана. Како резултат на тоа, открени се 27 ирачки државјани чија крајна дестинација биле земјите од ЕУ, се вели во полициското соопштение.

Се додава дека е уапсено лицето, С.П.(54), жител на Саранда, кој ги превезувал странски државјани. Пред судот во Фиер ќе одговара за кривично дело „помагање на нелегално минување на границата“.

Годинава албанската полиција открила над 9.000 мигранти, што е за над 40 отсто повеќе споредено со лани. Тоа, секако благодарение и на поддршката на Европската гранична и крајбрежна стража, како и Европската агенција за гранична безбедност-Фронтекс,чии прпадници на албанско – грчката граница се од мај.

Би можело да ве интересира

Запленети станови, „ролс ројс“ и две ТВ станици на познат албански бизнисмен осомничен за трговија со дрога

А1он

Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус

Ана Ололовска

Нов рекорд на новозаразени со Ковид-19 во Албанија

А1он

Албански анестезиолог: Владата стана проповедник против Ковид-19, наместо да спроведува конкретни мерки

А1он

Рекорден број на новозаразени со Ковид-19 во Албанија

А1он

Рама апелира на зајакнување на принципите на Завршниот акт од Хелсинки

А1он