Албанската полиција ги засили безбедносните мерки пред изборните штабови во Тирана

Од:

Полицијата во Тирана ги зајакна мерките на обезбедување пред изборните штабови, откако на 20 дена пред парламентарните избори во Албанија, зачестија оштетувања на партиските канцеларии.

Како што јави дописникот на МИА, минатата недела евидентирани се шест оштетувања и ограбувања на изборни штабови во главниот град. Само вчера се ограбени два изборни штаба на опозициската Социјалистичка партија во Тирана.

Со цел да ги спречи ваквите акти, полицијата ја зголеми контролата во текот на ноќта во разни делови на градот.

Освен инцидентите со оштетувањето на изборните штабови на партиите, регистрирани се и неколку случаи на поставени експлозивни направи пред домовите на кандидати за пратеници, за среќа само со предизвикана материјална штета, потоа пукотнци, како и закани и вербални напади, кои се редовна појава.

Албанските граѓани новите 140 пратеници ќе ги избираат на 23 јуни, при што главната борба ќе се води меѓу две големи коалиции, едната предводена од демкратите на премиерот Сали Бериша, во која се вклучени 25 партии, и втората на опозициските социјалисти на Еди Рама, која ја сочинуваат 37 партии.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски