Албанската опозиција ќе побара од претседателот Мета да го распушти Парламентот

Од:

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, на новинарско прашање дали ќе побара од претседателот Илир Мета распуштање на парламентот, рече дека ја поздравува секоја иницијатива „што ги скратува деновите на злото и што побрзо тоа се случи, тоа е подобро за граѓаните на земјата“.

-Моја главна грижа ќе биде грижата на Албанците и при тоа нема да поштедам ниту еден потребен повик. Да беа одржани изборите, патот на злото ќе беше скратен. Колку побрзо, толку подобро за секого. Задачите се одредени и јас како претседател на опозицијата ќе го сторам тоа до крај. Добредојден е и го поздравувам секој чекор што ги скратува лошите денови, рече Баша.

Тезата за распуштање на Парламентот ја пласираше еден од најбитните сојузници во здружената опозиција, Републиканската партија.

Лидерот на партијата и поранешен министер за одбрана, Фатмир Медиу, рече дека претседателот Мета треба да го распушти парламентот,доколку пратенците ја отфрлат неговата уредба за изборниот законик.

-Доколку парламентот не ја разгледа уредбата за укинување на едностраните измени во изборниот законик направени од Рама со уништување на постигнатиот консензусот на 5 јуни

и стандардите за слободни и фер избори,ќе побараме претседателот да го распушти парламентот. Претседателот јавно и јасно, во континутет изјавуваше дека ќе го распушти парламентот ако се нарушат уставот и изборните стандарди, па во согласност со неговите уставни надлежности претседателот треба да го превземе овој чекор ,рече Медиу.

Додаде дека од другите лидери на париите во здружената опозиција веќе побарал да побараат од претседателот Мета да донесе одлука за тоа.

Од друга страна премиерот Еди Рама му порача на Мета „што поитно да го потпише или врати изборниот законик за да почне да се спроведува“.

Би можело да ве интересира

Нова пратка од вакцините на „Фајзер“ пристигнува во Албанија, во земјата досега вакцинирани 260.000 луѓе

Жарко Настоски

Европол: Албанија е средиште на трговијата со марихуана, пратките најчесто одат со брод кон Италија

Жарко Настоски

Во Драч запленети 140 килограми кокаин скриен во контејнер за банани

Шведската амбасадорка Хастад: Феноменот на купување и продавање гласови во Албанија е загрижувачки

Ана Ололовска

Мета ги повика контролорите да продолжат со работа, а Рама и Балуку да седнат и да најадат решение

Ана Ололовска

Албанија: Останува полицискиот час и другите анти-ковид мерки

Ана Ололовска