Албанската ЦИК за учество на локалните избори ја признава ПД предводена од Алибеај

Од:

Централната изборна комисија ги определи партиите кои имаат право да предлагаат членови за изборните комисии за локалните избори што ќесе одржат на 14 мај. Кога станува збор за Демократската партија, според одлуката на комисијата тоа право му следува на крилото предводено од Енкелеј Алибеај а не на она предводено од Сали Бериша.

-Ќорсокакот создаден од судот, кој сè уште нема одлука за тоа кој е претседател на партијата, по оставката на Љуљзим Баша, ја натера ЦИК да продолжи да работи со старите одлуки со тоа што не се вклучува во внатрешната расправа на најголемата опозициска партија, признавајќи го правото на официјална Демократска партија да ги предложи своите членови во комисиите, јави Топ чанел.

Судот во Тирана речиси една година не дава конечен одговор на прашањето кој е претседател на Демократската партија. Во моментов Собранието официјално го признава Енкелејд Алибеај, што сега го прави и ЦИК.

По овој чекор на комисијата, ПД на Алибеај, како што и најавија настапуваат самостојно, додека врз основа на договорот, крилото на Бериша на изборите оди заедно со Партијата на слободата на Илир Мета.

Повеќе од сигурно е дека ќе кандидатите на Бериша ќе настапат под логото на партијата на Мета, како што тоа беше на предвремените избори за градоначалници во шест општини, одржани на средината на минатата година.

Во однос на роковите за изборите на 14 мај, според претседателот на ЦИК, Илирјан Целибаши, на 13 јануари е крајниот рок до кога јавните институции треба да се пријават за јавната активност, додека на 6 март е крајниот рок за пријавување на политичките партии.

На 27 март е крајниот рок за доставување кандидатски листи, 14 април почнува изборната кампања, 8 мај завршува рокот за објавување анкети, 13 мај завршува изборната кампања и настапува изборниот молк.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија