Албанија: За пет години ветинг разрешени 155 судии и обвинители, 56 сами поднеле оставки

Од:

Пет години по усвојувањето на правосудната реформа во Албанија, посебната комисија за квалификација го презентираше бројот на судии и обвинители кои не минале низ процесот на проверка за потекло на имот, процес познат како ветинг, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Во изминатите пет години поради неможност да го оправдаат потеклото на имотот што го поседуваат и чистотата на личноста разрешени се 155 судии и обвинители. Во исто време, 56 сами си поднесоа оставка, информират од комисијата.

Додаваат дека донесени се 174 решенија за потврда на функцијата, осум одлуки за прекинување на процесот, 25 решенија за завршување на процесот без конечна одлука и три решенија за суспензија од должност за период од една година.

Поради непоминување на процесот на проверка, разрешени се и петмина судии во Уставниот суд, меѓу нив и претседателот, како и повеќе судии од Врховниот суд. Двете највисоки судски инстанци поради некомплетност не работеа повеќе од две и пол години.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски