Албанија: Власта и опозицијата на средба околу изборните реформи

Од:

Група пратеници од албанската парламентарна опозиција, во која е и Васил Стерјовски, од Македонска алијанса за европска интеграција, попладнево оствари средба со претседателот на Парламентот, Грамоз Ручи.

Средбата е реализирана по барање на пратениците а со цел да му бидат доставени нивните барања околу новиот изборен законик.

„Парламентарниот спикер Ручи го запознавме со нашите седум барања. Прво е моето барање за загарантирани места во албанскиот законодавен дом за малцинствата,за кое добив целосна подршка од оваа група пратеници. И пред него го изнесов мојот став дека доколку се гарантираат пратенички места за малцинствата, што го има во многу поразвиени општества, Албанија ќе се вброи во најдемократските земји,“ изјави Стерјовски за МИА.

Останатите барања, според него, се :Албанија да биде една изборна единица, да има отворени листи, да гласа и дијаспората, да се деполитизираат изборните комисии и одбори, да се обезбеди електронско броење на гласовите и да нема финансирање на партиите од буџетот на државата.

Ручи им гарантирал на опозициските пратеници дека предлозите ќе бидат доставени до законодавната и до другите парламентарни комисии, како и на пленарна седница на парламентот.

„Парламентарната процедура, која ќе се следи, нема да го загрози никого, туку целосно ќе го почитува правото на секој пратеник да предлага, дискутира, разлегува, да гласа или да се спротивстави на законската иницијатива која ќе биде презентирана во Парламентот, додал Ручи.

Барањата се доставени и до сите странски амбасади, соопшти опозицијата.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија