Албанија, Србија и Црна Гора со нова помош од ЕУ за Ковид-19

Од:

Европската комисија најави дека ќе издвои 385,5 милиони евра итна здравствена помош за 17 земји членки на ЕУ, како и за три земји од Западен Балкан, Албанија, Србија и Црна Гора, јави дописничката на МИА од Брисел.

Овие средства произлегуваат од Фондот за солидарност на ЕУ (ЕУСФ) и има за цел да им помогне на земјите да се справат со санитарната криза предизвикана од Ковид-19.

Во 2020 година од истиот фонд се издвоени веќе 132,7 милиони евра за земјите членки на ЕУ кои побараа помош.

Фондот за солидарност има за цел да им помогне на земјите финансиски да го поддржат здравствениот сектор, за набават вакцини, да спроведуваат лабораториски анализи, како и да воведат превентивни мерки, контрола и следење на пандемијата.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изјави дека со ова Европската комисија докажува дека ги поддржува партнерите на Западен Балкан.

-Мило ми е што Албанија, Црна Гора и Србија имаа можност да го искористат Фондот за солидарност на ЕУ. Ова е уште еден доказ за посветеноста на ЕУ да се поддржи регионот во борбата против коронавирусот каде што е можно и со истите механизми за поддршка како и да нашите земји членки, изјави Вархеји.

Албанија, Србија и Црна Гора побараа помош од Фондот за солидарност. Средствата се исплатени за Тирана и Подгорица на крајот на 2021, за Србија потпишувањето е во тек и помошта треба да стигне набрзо, велат од Европската Комисија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати