Албанија си ја врати сопственоста врз КЕШ

Од:

Албанската Влада си ја врати сопственоста врз поранешната електродистрибуција КЕШ.

Со реализација на договорот со Чесите, 100 проценти од акциите на електродистрибуција се трансферирани во сопственост на албанската држава.

Според албанското Министертво за енергетика и индустрија, по потпишаниот договор во јуни годинава, меѓу чешката компанија ЧЕЗ и албанската Влада завршува процесот на недоразбирања меѓу двете страни.

– Заокружувањето на овој процес создава можности Владата да ја почне реформата во однос на администрирањето на КЕШ и со поддршка на донатори да почне да инвестира во подбрувањето на електромрежата во сите компоненти и да обезбеди поквалитетна услуга на сите потрошувачи, потврдуваат од Министерството.

ЧЕЗ во 2009 година купи 76 проценти од тогашната албанска електродистрибуција за сума од 102 милиони евра. Но, лани во јануари, албанската Регулаторна комисија за енергетика (ЕРЕ) ја одзеде лиценцата за работа со образложение дека не обезбедува доволно енергија и не инвестира во енергетската мрежа.

Според првичните информации на ЧЕЗ, штетата од оваа одлука на албанските енергетски власти се проценува на 200 милиони евра. Поради тоа, чешката компанија поведе меѓународна арбитража против Албанија барајќи отштета поради незаштитување на инвестицијата.

Додека траеа преговорите, Владата во Прага дури се закани дека ќе го блокира патот на Албанија во процесот на приклучување на ЕУ поради проблемите со кои се соочува чешката компанија.

Уште од почетокот на работата во Албанија, Чесите се жалеа на огромниот процент на загуба на електричната енергија во електромрежата, кој изнесуваше 36 отсто, главно поради масовната кражба и неплаќањето на сметките од страна на албанските потрошувачи. Компанијата не успеа да го намали овој процент и покрај многуте преземени активности, дури и во соработка со полицијата.

Владата на Еди Рама и чешката енергетска компанија ЧЕЗ во јуни годинава постигнаа договор со кој Албанија се обврза да и плати 95 милиони евра на ЧЕЗ за повторно да ја добие во сопственост компанијата „ЧЕЗ дистрибуција“. Исплатата е договорена да биде во рати во периодот од 2014 до 2018 година. Албанската страна овој договор тогаш го оцени како голем успех, бидејќи на овој начин е избегнат арбитражниот суд.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија