Албанија регистрира црн неделен рекорд на умрени од Ковид-19

Од:

Во Албанија минатата недела беше регистрирано највисокото ниво на морталитет како последица од Ковид-19.

Официјалните податоци покажуваат дека во последните седум дена (16 февруари – 22 февруари) животот го загубиле 114 лица, а притоа е регистрирана и најмладата жртва во земјата, на 18-годишник. Претходно, најголем број смртни случаи беше забележан во првата недела од декември, кога имаше 112 жртви.

Дневниот просек на смртни случаи во последната недела е 16 лица. Минатиот петок беше денот со најголема загуба на животи или 19, додека неделата беше ден со најмалку, односно 13 жртви.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски